Викиликс објави 5.000 документи за двајцата главни претенденти за претседателската функција во Франција

Од:

Организацијата Викиликс објави околу 4.800 документи за Франсоа Фијон и Марин Ле Пен, кои ќе се борат за претседателската функција во Франција. Документите се објавени денеска на страницата на Викиликс на Твитер, пренесе ТАСС.

Архивата со документи за Фијон брои 3.630 фајлови, а материјалите поврзани со Ле Пен се 1.138.

И двајцата политичари неодамна се покажаа вмешани во скандали поврзани со фиктивни плаќања. Францускиот весник „Канарија аншене” објави новинарско истражување, во кое се тврди дека сопругата на Фијон, Пенелопе, во текот на неколку години била вработена како асистент на сопругот во парламентот, добивала плата, но „не извршувала никакви конкретни обврски“. Според податоци на весникот, за тоа време неа и биле исплатени до 900.000 евра.

Претседателката на Национален фронт, Марин Ле Пен е обвинета дека фиктивно ги вработила како свои помошници во Европарламентот својата шефица на кабинет Кетрин Гризе и телохранителот Тиери Лежие.

Од фондот на ЕП на Гризе и биле платени вкупно 299.000 евра, а на Лежие – 41 500 евра.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски