Видодо ја зголемува поддршката пред претседателските избори во Индонезија

Од:

Кандидатот на Демократската партија на борбата Јоко „Јокови“ Видодо, според последните испитувања на јавното мислење, убедливо води во предизборната трка за претседател на Индонезија.

Според десетина домашни и странски агенции за испитување на јавното мислење, Видодо треба да освои најмалку 15 отсто повеќе гласови од кандидатот на коалицијата предводена од партијата Гериндра, Субианто Прабово.

Видодо, до неодамна гувернер на Џакарта, последните денови од кампањата ги концентрираше на демаскирање на тврдењата дека не е муслиман, а што за индонезискиот менталитет е можеби уште полошо, дека неговите родители се со кинеско етничко потекло.

Неговата коалиција, покрај тоа, ги убедува гласачите дека се голема лага вестите што доаѓаат од противничкиот табор дека цената на бензините, оризот и млекото, ако победи Јоко Видодо, ќе се покачеле два до три пати.

На претседателските избори на 9 јули, од 249 милиони Индонезијци право на глас имаат 178 милиони. Речиси 70 милиони од нив за првпат ќе одлучуваат кој ќе биде претседател на Индонезија во следните пет години.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски