Неколку лица се убиени во ноќниот клуб „Блу перот“, во мексиканскиот град Плаја дел Кармен.
Според првичните информации, убиени се пет лица, но оваа бројка не е официјално потврдена.
Неколку напаѓачи отворија оган во клубот во раните утрински часови. Властите потврдија дека во клубот се случило пукање, но оти точниот број на жртви не е познат.
На социјалните мрежи е објавено дека најмалку пет лица се убиени, а неколку се ранети.
Засега уште не се знае кој го извел нападот.
Плаја дел Кармен е популарно туристичко место кое се наоѓа на 70 километри од Канкун, а таму деновиве се одржува музичкиот фестивал „Би-пи-ем“.
Бројни полициски и екипи на итната помош се на местото на инцидентот.