Во единаесет часот денеска силно невреме ја зафати Малта.
Поројниот дожд создаде реки по улиците кои носеа се со себе.
На улиците сеуште стојат превртени и уништени возила, а на граѓаните им се препорачува да се префрлат во повисоките делови.
Поплави се регистрирани во цела Малта но особено во централните и јужните области. Видеото сведочи за пустошот кој невремето го остави зад себе.