(ВИДЕО) Зимска идила: Путин и Лукашенко заедно на скијање во Сочи

Од:

Наспроти затегнатата ситуација во Русија и Белорусија протестите против нивното владеење, кои траат со месеци, рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега и стар пријател Александар Лукашенко, се сретнаа денеска во рускиот зимски центар Краснаја Полјана кај Сочи.

Двајцата лидери дел од денот искористија и за скијање и возење со моторни санки, следени од камерите на државните медиуми.

„Не поминува ден без колегите да разговараат и да решат одредени проблеми“, рече Путин пред почетокот на работниот дел од состанокот.

68-годишниот руски претседател и неговиот две години помлад колега, пред да се нурнат во убавините на зимските спортови и да ја покажат својата скијачка техника, разменија пораки на пријателство и добрососедство. Лукашенко му се заблагодари на Путин за помошта од една и пол милијарда долари, која Русија ѝ ја додели на помалата сосетка во септември лани.

Аналитичарите тој потег го видоа како знак на поддршка од Путин кон Лукашенко, во време кога беснееја протестите во Белорусија, за кои опозицијата тврдеше дека долговечниот претседател, кој ја има целокупната власт во земјата, ги наместил. Неколку месеци подоцна, и Путин се соочи со проблеми дома, откако протестни собири се одржаа во повеќе градови, во знак на револт против затворската казна за опозицискиот лидер Алексеј Навални, а уапсени беа стотици демонстранти.

Би можело да ве интересира

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Што значи новата руска нуклеарна доктрина што ја потпиша Путин

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети

Путин: НАТО влегува во војна со Русија

Горан Наумовски

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски