(ВИДЕО) Жители на покриви и на дрвја бараат спас од поплавите во Италија, паркирани возила стуткани едно врз друго

Од:

Најмалку десет лица загинаа, а четворица се водат како исчезнати по поплавите во централниот италијански регион Марше, пишува Дејли меил. Меѓу исчезнатите има и две деца.

Неколку жртви загинале бидејќи се обидувале да ги спасат автомобилите од гаражи. Три жртви живееле во иста зграда.

„Беа изненадени од водата и калта“, велат соседите.

Едно лице починало бидејќи не сакало да ја напушти куќата.

„Вујко ми почина можеби затоа што ја потценил опасноста и не сакал да го напушти својот дом“, вели роднина на еден од загинатите.

 

Хеликоптер за итни случаи снимал потопени автомобили и поплавени улици над Кантијано во регионот Марше. Видеото е објавено на Твитер од италијански пожарникари. За два часа наврна повеќе од 400 мм дожд

Локалните власти соопштија дека не очекувале ваква ненадејна „водена бомба“ бидејќи во четвртокот вечерта паднале повеќе од 400 мм дожд за само два часа, поплавувајќи ги улиците на неколку градови во провинциите Анкона и Пезаро-Урбино.

„Беше како земјотрес“, изјави Лудовико Каверни, градоначалник на градот Сера Сант Абондио за државното радио РАИ.

Десетици локални жители се качиле на покривите или на дрвјата за да чекаат спас додека силните поплави ги урнаа вратите и ги зафатија зградите и гаражите.

Во еден град паркираните возила беа стуткани едно врз друго на улиците.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД