(ВИДЕО) Жестока дебата на руска телевизија: Цело наше производство зависи од Западот

Од:

Вчера избувна жестока дебата на руската државна телевизија „60 минути“, чии водители беа двајца истакнати пропагандисти на Путин, Олга Скабеева и претставникот на Думата, Евгениј Попов, откако еден од гостите се залагаше за целосна економска изолација од Западот. Попов, кој понекогаш може да звучи како гласот на разумот во општата хистерија на руската телевизија, целосно ја отфрли таа идеја и изјави дека Русија нема да преживее ниту еден ден без западните ресурси.

“Велите дека се национализираме, дека веднаш им земаме се на Германците?! Утре ќе ни застанат возовите. На што ќе се возиме? Немаме на што да се возиме, тоа мора да го прифатиме, извика Попов.

„Сè што имаме е западно“

Гостите со контратези се обидоа да интервенираат во неговиот агресивен говор, но Попов не дозволи.

„Оние кои го предизвикаа сето ова ајде да ги изведеме пред лицето на правдата? Но, тоа нема да направи нови возови, нема да се појават авиони, немаме авиони на долги релации. Да, сè што имаме е Западот. Сега можеме се да национализираме, а што ќе работиме утредента, едноставно прашање без одговор“, извикува Попов.

Претходно оваа недела, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров со свој пример ја покажа зависноста на Русија од Западот. Имено, Лавров на Бали, каде присуствуваше на самитот на Г20, се фотографираше во маица на американскиот уметник Жан Мишел Баскија, со ајфон и часовник на Ејпл, со што предизвика потсмев кај светската јавност.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ