Во цело Украина рано утринава е прогласена воздушна опасност, а на жителите им е кажано да се засолнат. Андриј Јермак, главен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави на социјалните мрежи: „Путин сега започнува ракетен напад врз Киев“.
Smoke from missile impact in Kyiv – could be result of debris fall from shot-down missile or direct impact. Another wave of missiles expected incoming at 0800, monitors say. pic.twitter.com/KbMp0MtlTj
— Euan MacDonald (@Euan_MacDonald) November 13, 2024
„Експлозии во градот. ПВО работи. Останете во засолништа!“, соопшти градската управа на Киев преку апликацијата Телеграм. Според украинската војска, во првиот ракетен напад по повеќе од два месеци, Русија користела крстосувачки ракети лансирани од стратешки авиони, како и балистички ракети.
Како што јави дописникот на Би-Би-Си, руските бомбардери Ту-95 истрелале околу 6 групи крстаречки ракети кон цели низ земјата.
Ројтерс известува за експлозии кои се слушаат во источниот дел на главниот град. Густ облак чад се издигнува на најмалку една локација, но се уште не е познато дали експлозиите биле резултат на работата на противвоздушната одбрана или проектилите ги погодиле нивните цели. Два борбени беспилотни летала Шахед беа забележани и над јужниот дел на градот. Властите се уште не известиле за жртви или материјална штета.
Градската воена управа на Киев предупреди дека електричната енергија би можела да биде исклучена бидејќи Русија продолжува да ја напаѓа енергетската инфраструктура пред претстојните зимски месеци.
На 26 август Русија ја нападна Украина со повеќе од 200 беспилотни летала и проектили, при што загинаа седум лица и беа погодени енергетските капацитети низ целата земја. Тој напад, според Киев, го претставувал „најмасовниот напад“ за време на војната.