ВИДЕО: Жената која што сееше смрт во трговскиот центар во Најроби

Од:

Крвавиот напад во трговскиот центар во Најроби го организираше Британката Саманта Лутвајт, сопруга на бомбашот-самоубиец Џермејн Линџиј, која што по неговата смрт стана т.н. „бела вдовица“.

Дваесет и деветгодишната Саманта за која што се верува дека потекнува од Ирска, ја предводеше терористичката група Ал Шабаб.

Станува збор за ќерка на британски војник, која што во исламот премина од љубов кон сопругот и за која се верувва дека е мајка на две деца чии татковци се Ал Шабабови бомбаши.

Потврда дека Саманта стои зад нападите даде и кениската војска, која што соопшти дека терористите во Најроби добивале наредби од жена, прекриена со вел.

Во стравичниот напад во трговскиот центар кој што започна во сабота до сега загинаа околу 69 лица, додека 200 се повредени.

Меѓу напаѓачите наводно има и симпатизери и членови на милитантаната организација Ал Шабаб од Канада, Кенија, Финска, Британија и САД.

Сопругот на Саманта во 2005 година се самоуби во нападите на центарот во Лондон.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“