(ВИДЕО) Жена во Еквадор прогласена мртва, „оживеала“ додека ја подготвувале за погреб

Од:

Болница во Еквадор ја прогласила за мртва 74-годишната Бела Монтоја во петокот, откако била примена во болница поради последици од срцев удар. Неколку часа подоцна, семејството го отворило ковчегот и сфатило дека жената се уште дише.

„Тоа што се случи го обработувам малку по малку. Сега сакам само да се подобри здравјето на мајка ми. Ја сакам жива и со мене“, рекол нејзиниот син Гилберт Балберан. Жената се уште е на одделението за интензивна нега и е под лекарски надзор, јавува Ел Универзо.

„Мајка ми е на кислород. Нејзиното срце е стабилно. Докторот и ја штипна раката и таа реагираше. Ми велат дека тоа е добро бидејќи тоа значи дека тој реагира малку по малку“, рече Гилберт.

Лекарот од болницата Мартин Иказа во петокот напладне му го предаде телото на семејството бидејќи, како што тогаш тврдеа од болницата, таа починала.

Ни дадоа дури и потврда за смртта“, изјави Гилберт, кој мораше да собира донации за да го организира погребот.

Бела останала во ковчегот од 14:00 часот до 18:30 часот, кога семејството го отворило ковчегот за да го подготви телото за погребот. Тогаш нејзиниот син и остатокот од семејството сфатиле дека жената се уште дише. Видеото е објавено на социјалните мрежи, а на него се гледа како жената ја движи устата и се обидува да здивне.

“Мајка ми почна да ја движи левата рака, да ги отвора очите, устата. Се бореше да дише”, рекол Жилберт Балберан.

Локалните медиуми пишуваат дека настанот ја шокирал заедницата и дека случајот треба да се истражи и санкционира бидејќи старицата можела жива да биде закопана.

Сè уште нема официјално објаснување, ниту од болницата ниту од Министерството за здравство се огласија за случајот.

Би можело да ве интересира

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници

Затворениците во Еквадор ослободија 11 вработени во затворот кои беа земени како заложници