ВИДЕО: Жена под урнатините во Газа се обидува да се спаси

Од:

Многу цивили во Газа останаа под урнатините од зградите кои се бомбардирани од Израел. Денеска беше регистриран обидот на една жена да ја извлечат од под камените и бетонските блокови. од нејзината куќа.

Израел го правда бомбрадирањето на цивилните објекти со обвинување дека во нив се кријат припадниците на Хамас. Луѓето во Газа постојано копаат со раце и бараат тела под урнатините.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска во разговор со израелскиот претседател Исак Херцог во Тел Авив дека постојат две опции за Блискиот Исток: или да се избере патот на интеграција, соработка, нормализација и еднакви права и можности за сите народи, вклучително и Палестинците или другиот пат на терор и уништување кој не води никаде.

Блинкен истакна дека во последните денови Хамас му го покажа на светот тој друг пат на терор, уништување и нихилизам кој не води никаде освен, како што наведе, до најтемните места во душата, пренесе АП. Израел соопшти дека бројката на убиени израелски војници при нападот на Хамас е 222.

Би можело да ве интересира

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе

Хамас го отфрли израелскиот предлог за прекин на огнот

Хамас: Ќе ги ослободиме сите заложници во замена за крајот на војната во Газа