Жена во Грузија веќе 18 години го чува телото на својот син, бришејќи го со алкохол и обвиткувајќи го во чаршави, пренесуваат локалните медиуми.
Џони Бакараѕе починал кога имал 22 години, пред раѓањето на вториот роденден на син му. Таткото на Џони одлучил дека синот нема да го закопа, туку ќе го сочува неговото тело за да може неговиот внук да го види својот татко. Циури Кварацкела четири години телото го мачкала со балзам за да го сочува. Подоцна воведе сопствени методи.
– Последните денови бев настината, па неможев да го средам. Инаку е убав, рече мајката.
– Една ноќ сонував, и глас во сонот ми рече да користам алкохол. Од тогаш го завиткувам во чаршави натопени во алкохол. Телото не смеам да го оставам без чаршави затоа што ќе потемне, рече Циури.
На роденденот на синот, го извадила трупот и го пресоблекла. Рече дека нејзиниот внук верува дека семејството донело добра одлука да го сочува телото и почнал да го сака таткото. На телевизиската екипа која дојде да го сними телото, жената им се извинила поради „неуредниот изглед на својот син“, јави Nine MSN.