Украина „де факто“ е членка на Европската Унија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, при денешното видеообраќање во Парламентот во Луксембург.
– Јас верувам дека со своите постапки, Украина веќе покажува дека ги исполнува европските критериуми, додаде Зеленски.
Без да го спомне по име рускиот претседател, Владимир Путин, Зеленски побара да „се запре оваа индивидуа од уништување на европските вредности“.
– Доколку не успееме заедно да го запреме овој човек, тогаш овие часови се темни, темни часови, што ние веќе ги доживеавме во Втората светска војна, истакна украинскиот претседател.
Зеленски повика за понатамошни санкции на ЕУ против Русија и за испорака на „повеќе оружје, модерно оружје“.