(ВИДЕО) Зеленски слета во Анкара: Путин испратил статисти

Од:

Зеленски пристигна во турската престолнина Анкара на разговори со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Украинскиот претседател излезе од авионот и на пистата беше пречекан од припадници на турската војска.

Се очекува за еден час да се одржи билатералната средба меѓу Зеленски и Ердоган.

По излегувањето од авионот, украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа краток говор на пистата на аеродромот Есенбога во Анкара.

Тој додаде дека Украина е во контакт со американската делегација во врска со преговорите со Русија.

За руската делегација во Истанбул, Зеленски рече: „Официјално не знам на кое ниво се претставниците. Но, според она што го видовме, тие изгледаат како статисти“.

Зеленски додаде дека Украина ќе одлучи за следните чекори по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Би можело да ве интересира

Русија се закани: „Ве чека вечна војна“

ВИДЕО: Завршија преговорите, Русија има нереални барања обвинуваат Украинците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Почнаа преговорите меѓу Украина и Русија

Трамп: Сакам да се сретнам со Путин што е можно поскоро

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Експлозии на Крим, гори руско складиште за муниција

ВИДЕО: Европските лидери се собираат во Тирана, учествува и Мицкоски, пристигна и Зеленски