(ВИДЕО) Зеленски: Путин го тестира светот

Од:

„Важно е што денеска видовме широк одговор од партнерите на овој удар. Јасно е дека Русија се обидува да ѝ нанесе болка на Украина со уште подрски напади. Ова е јасен знак дека Путин го тестира светот – дали ќе го прифати или ќе го трпи“, објави Володимир Зеленски вечерва на „Х“, коментирајќи го најголемиот руски воздушен напад врз Украина досега.

„Затоа, изјавите на државните лидери и институциите мора да бидат поткрепени со силни потези – санкции против Русија и поединци поврзани со Русија, високи тарифи и други ограничувања за трговијата со Русија. Нивните загуби мора да се почувствуваат, рече Зеленски.

„Друга работа е подеднакво важна – нашите долгорочни можности. Путин не сака преговори, тој очигледно се крие од нив, поради што недостигот на гориво во Русија и другите економски тешкотии се логичен одговор на одбивањето на прекин на огнот или состанок на ниво на лидери“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Кремљ одбива да го продолжи примирјето додека Киев не ги прифати руските услови

Пропадна велгденското примирје: Украина и Русија се обвинуваат за напади

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Украинските сили соборија беспилотни летала „Шахед“ за време на војната во Иран

Стармер со критика: Семејствата страдаат поради политиките на Трамп и Путин

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје

Путин нареди прекин на огнот за Велигден