Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги посети припадниците на украинската армија во Харков. Ова е првпат Зеленски да биде виден надвор од Киев од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари.
„Ги ризикувате своите животи за сите нас и за вашата земја“, им порача Зеленски на војниците, на кои им донесе подароци и одликувања.