(ВИДЕО) Зеленски: Подготвуваме големи работи за Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека властите на Украина подготвуваат големи работи за таа земја кои, како што наведе, ќе ја зајакнат земјата и нејзините војници.

„Тоа е главната задача. Оружје за нашите борци. Нови можности за нашата одбрана. Нови пакети за поддршка од нашите партнери“, рече Зеленски во видео обраќањето објавено на веб-страницата на Претседателството.

Тој додаде дека украинските власти прават се за пред Денот на независноста, 24 август, да кажат дека е направен уште еден чекор кон кругот на најсилните држави во светот.

„Нашиот тим во моментов работи особено интензивно. Ќе слушнете нови вести за Украина. Ги подготвуваме со нашите соседи во Европската унија и оние региони на Европа каде соработката со државите не беше доволна“, рече украинскиот претседател.

Тој посочи дека Украина постигна важни дипломатски успеси оваа недела, како што е тоа што 18 земји досега се приклучија на декларацијата на Г7 за безбедносни гаранции за Украина.

Зеленски додаде дека се прават напори Украина да биде подготвена за отворање на преговорите за членство во Европската унија оваа година.

Би можело да ве интересира

Зеленски по најавата за примирје: Путин манипулира со животите на луѓето

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната