(ВИДЕО) Зеленски: Киев ќе ја победи Русија

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им порача на Украинците дека Киев ќе ја победи Русија и ќе постигне праведен мир „против сè“, додека продолжувањето на клучната американска воена и финансиска помош е неизвесно. Зеленски ја пренесе својата порака со необично утро видео на кое се гледа како шета низ Киев кон споменикот на паднатите украински борци, на денот кога земјата го одбележува споменот на своите вооружени сили.

– Беше тешко, но издржавме – рече Зеленски, кој се снимал со својот мобилен телефон додека одел од својата канцеларија до споменикот во центарот на главниот град.

„Сега не е лесно, но се движиме. Без разлика колку е тешко, ќе стигнеме таму. До нашите граници, до нашиот народ. До нашиот мир. Само мир. И покрај сè“, нагласи украинскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На Украина не и треба привремен прекин на огнот, туку крај на војната

А1он

САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Горан Наумовски

Песков: Кремљ позитивно ја оценува подготвеноста на Зеленски да преговара за мир

Лавров за Зеленски: Не можам да влезам во главата на тој човек, тој не е ни човек

Лукашенко ги покани Трамп, Зеленски и Путин на разговори во Минск

Горан Наумовски

Трамп: Зеленски е подготвен за мировни преговори

Горан Наумовски