Полската телевизија објави дека украинскиот претседател Зеленски пристигнал во таа земја со воз и се качил во авионот што ќе го префрли во САД. Ова е прв пат Зеленски да ја напушти својата земја во последните 300 дена откако Русија започна војна против Украина.
Зеленски пристигна со воз во градот Пшемишл во близина на границата меѓу Полска и Украина. Си-Ен-Ен јавува дека бил виден како влегува во бел теренец, кој го однел на аеродромот во Жешов. Тој одлета во САД во друштво на американската амбасадорка во Украина, Бриџит Ен Бринк.
Allegedly Zelensky arriving at the Polish border city of Przemysl on his way to Washington#Zelensky #Ukraine #Poland #Washington pic.twitter.com/Aj9ZAym4xk
— @PStyleOne1 also [email protected] (@PStyle0ne1) December 21, 2022
Зеленски во САД ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден. Белата куќа потврди дека Џо Бајден денеска ќе објави дека САД и испраќаат на Украина баталјон од моќни ракети за противвоздушна одбрана Патриот.