Претседателот Володимир Зеленски изјави дека украинските сили се спротивставуваат на рускиот напад околу градот Северодонецк во источниот регион на Донбас.
„Имаме одреден успех во борбите во Северодонецк. Но, прерано е да се каже. Таму сега е најтешко. Како и во градовите и заедниците во близина – Лишанск, Бахмут и другите градови каде Русија напаѓа толку силно.
„Руската армија ги користи сите свои вооружени способности и воопшто не гледа во луѓето. Особено е цинично што во првата линија на напад, окупаторите често ги користат оние луѓе кои беа регрутирани во армијата во претходно окупираната област на Донецк и регионот Луганск“, рече Зеленски.