Украинскиот претседател Зеленски тврди дека меѓу Украинците кои биле насилно однесени во Русија има и 200.000 деца. Тој додаде дека во војната досега се убиени 243 деца, 446 се ранети, а 139 се водат како исчезнати.
„Целта на оваа криминална политика не е само да ги киднапира луѓето, туку и да ги принуди депортираните да заборават на Украина и да не можат да се вратат. Украина не може да се освои, нашиот народ нема да се предаде и нашите деца нема да станат сопственост на окупатори“, рече Зеленски.