(ВИДЕО) Заврши парадата во Москва: Вистината и правдата се на наша страна порача Путин

Од:

Заврши парадата за Денот на победата во Москва. Траеше нешто помалку од два часа, а за прв пат беа прикажани дроновите Лансет и Геран-2. Според Sky News, на парадата учествувале 11.500 припадници на руските вооружени сили.

Владимир Путин го започна својот говор велејќи дека должност на Русија е да го брани достоинството на војниците на руската армија.

Рускиот лидер рече дека руското општество „ги поддржува учесниците во специјалната воена операција“.

„Вистината и правдата се на наша страна“, додаде тој.

Путин по едноминутно молчење им оддаде почит на Русите кои се бореа за време на Втората светска војна.

„Ќе размислуваме за нашите ветерани кои покажаа вистинска љубов кон својата земја, кои избраа да го бранат својот дом“, рече тој.

„Ова секогаш ќе го носиме во нашите срца.

На прославата на 9 Мај во Москва присуствуваа дваесетина светски државници, лидерите на Кина, Бразил, Индија, Куба, Северна кореја, Виетнам, а од Евроап Фицо, Вучиќ и Додик.

Би можело да ве интересира

Зеленски: „Путин нема да ризикува употреба на нуклеарно оружје“

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Кремљ ги отфрли најновите предлози за мир во Украина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп не трпи новинарски прашања: Глупава, личност со низок коефициент

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски