(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Од:

Во тек е заложничка криза откако затвореник кој издржува затворска казна во Арл, Франција, држи неколку вработени во затворот како заложници. Осуденик кој ја отслужува казната во затворот во Арл зароби неколку медицински работници и чувари, јавија денеска француските медиуми, наведувајќи дека единиците за интервенција на полицијата се подготвени да интервенираат.


Затвореникот има ладно оружје и држи во заложништво неколку членови на затворскиот персонал, најмалку четворица медицински работници и еден чувар, пренесува порталот BFMTV.

Локалната полиција е распоредена на лице место, а регионалните екипи за одговор се на пат и подготвени да интервенираат.

Според францускиот портал, властите ангажирале и членови на специјален, тактички полициски тим за вонредни ситуации.

Би можело да ве интересира

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск