ВИДЕО: Заложничка драма во Канада, десетици луѓе заробени на покрив од зграда

Од:

Десетици луѓе се собрани на покривот на зградата која ѝ припаѓа на компанијата Убисофт во канадскиот град Монтреал, а според првичните информации, кои полицијата се уште не ги потврдува, се работи за некој вид на заложничка ситуација.

Видеата објавени на Твитер покажуваат како луѓето стојат на покривот од зградата, речиси неподвижни, без да биде видливо кој и зошто ги довел таму. На приодите кон покривот и на вратите се поставени барикади од надворешната страна.

Дел од медиумите јавуваат дека на сите вработени во Убисофт им е испратена имејл порака во која се повикуваат да одат на сигурно место, во просторија која може да се заклучи, да ги исклучат своите мобилните телефони и да се забарикадираат.

Во тек е евакуација на зградата, а вработените во канцелариите на француската компанија за видеоигри се спроведуваат надвор низ неколку излези. Одделот на фирмата во Монтреал има над 3.000 вработени, но нема информација колкумина од нив биле во зградата кога започнаа денешните настани.

Полицијата потврди дека специјални единици се испратени на местото и дека нема пријави за повредени лица, но со часови немаше официјална информација за тоа што точно се случува во зградата, која ја пребаруваат специјалците.

По неколку часа, полицијата потврди дека целиот инцидент и полициската акција што следуваше биле резултат на лажна дојава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски