Лажна дојава ја предизвикала „заложничката драма“ што ја крена на нозе полицијата во Монтреал

Од:

Извори од полицијата во Монтреал потврдиja за дел од канадските медиуми дека денешната голема полициска акција во центарот на Монтреал, каде имаше информации дека десетици вработени во компанијата Убисофт се држат како заложници, била предизвикана од лажна дојава.

Лажниот повик ја натера полицијата на една од најголемите операции во изминатите години, со стотици распоредени полицајци, возила и екипи за поддршка, а беа повикани и специјалци, кои детално ја пребарале зградата и не нашле никаква закана, велат полициските извори.

Десетици вработени во компанијата попладнето по локално време беа снимени на покривот од зградата, а локалните медиуми јавија дека на сите што работат во фирмата им било кажано да најдат сигурно место во зградата и да се заклучат, откако некој јавил во полиција дека се случува заложничка ситуација.

Според се уште непотврдени информации кои ги објавија дел од медиумите, повикот со лажната дојава дошол од зградата на Убисофт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски