(ВИДЕО) Заложничка драма во белгискиот град Гент

Од:

Четири вооружени лица, чиј идентитет засега не е познат, денеска упаднале во еден стан во белгискиот град Гент, соопшти локалната полиција, која вендаш го блокира целиот реон.

Претставник на полицијата изјави дека жителите на квартот околу зградата во чиј стан упаднале напаѓачите се евакуирани од безбедносни причини.

Локалните медиуми тврдат дека „најмалку едно лице“ е земено како заложник, но полицијата не го потврдува овој податок. Полицијата сепак верува дека целиот напад е изведен за да се земат заложници, па затоа и нарњди евакуација на реонот.

– Настојуваме целата операција да ја спроведуваме мошне внимателно, за да не се загрозат евентуалните заложници, рече претставник на полицијата во Гент.

Слична ситуација, кога непознати лица упаднаа во стан во овој белгиски град имаше и во октомври оваа година. Полицијата и тогаш го блокирае регионот и дејствуваше внимателно за да не биде повреден еден заложник што го држеше напаѓачот.

Во инцидентот од октомври мотивите не беа политички, тукустануваше збор за нерасчистени долгови што ги имал заложникот.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски