ВИДЕО: Загина иранскиот претседател, нема преживени во хеликоптерот на Раиси

Од:

Потврдено е дека иранскиот претседател, министерот за надворешни работи и уште неколку Љуби загинале во хеликоптерската несреќа, јави Државната телевизија.

„Нема знаци на живот и хеликоптерот на претседателот Ебрахим Раиси“, објави државната телевизија која малку подоцна соопшти дека е потврдена смртта на сите во хеликоптерот. Веста за смртта ја потврди и потпретседателот Мохсен Мансури на социјалната мрежа Х.

Ројтерс објави дека хеликоптерот целосно изгорел во падот.

Објавени имињата на некои од загинатите во хеликоптерската несреќа, освен иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан.

Државната новинска агенција ИРНА наведува дека во хеликоптерот биле и ајатолахот Мохамед Али Ал-е Хашем, имамот за петочната молитва во градот Табриз и генералот Малек Рахмати, гувернер на иранската провинција Источен Азербејџан. Убиен е и командантот на единицата за заштита на претседателот, Сардар Сејед Мехди Мусави.

Би можело да ве интересира

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана