ВИДЕО: Вулканот на Ла Палма исфрла парчиња лава во големина на трокатници

Од:

Блокови стопена лава со големина на трикатна зграда се движат денеска по падината на вулканот на шпанскиот остров Ла Палма Ова следеше по серијата земјотреси три недели по ерупцијата на вулканот, објави шпанскиот Национален геолошки институт (ИНГ).

Во соопштението се наведува дека во текот на денот биле регистрирани 21 сеизмички движења, а најголемото имало јачина од 3,8 степени, а засегнати се селата Мазо, Фуенкалиенте и Ел Пасо.

„Блокови од вжештена магма се движат по падината на вулканот Кумбра Виеха, а вулканот почна да ги еруптира по колапсот на северниот дел од вулканскиот конус. Колапсот на северниот дел од вулканот Кумбре Виеха предизвика ослободување на големи блокови материјал и појава на нови потоци што минуваат низ веќе евакуираните области“, пишува во објавата на Твитер на шпанското Министерство за национална безбедност.

Лавата, чија температура достигнува 1.240 степени Целзиусови, ги уништи последните преостанати згради во селото Тодоке, објави Институтот за вулканологија на Канарските Острови.


Од 19 септември, лавата уништи 1.186 згради и 493 хектари земја.

Околу 6.000 луѓе беа евакуирани од нивните домови на островот Ла Палма, кој има околу 83.000 жители.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

ВИДЕО: Силен земјотрес и ерупција на вулкан во Русија

ВИДЕО: Еруптираше еден од најактивните вулкани во светот

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски