Официјални лица на Чиле издадоа безбедносна тревога откако вулканот Ласкар, лоциран на Андите, еруптираше, предизвикувајќи помали потреси, јавува Би-Би-Си.
Засега нема извештаи за штети во околината, но првичното зелено предупредување е надградено во жолто.
Националната служба за геологија и рударство на Чиле (Сернагеомин) дефинира жолто предупредување како знак дека вулканот е нестабилен.
Експерти го следат местото за помали експлозии и појава на чад, соопшти Националната служба.
Жителите на Талабра, мал град на околу 12 километри од вулканот, за прв пат ја забележале активноста вчера околу пладне по локално време.
И покрај огромниот облак чад што го испуштил Ласкар, кој се состоел од вулканска пепел и врели гасови, се верува дека ниту една куќа не била оштетена. Властите воведоа забрана за влез на 5 километри од кратерот на вулканот.
Ласкар е 70 километри од Сан Педро де Атакама, популарна туристичка дестинација за пешачење и пустината Атакама, најсувото место на Земјата.