ВИДЕО: Втор голем пожар во индиска медицинска фабрика, повторно гореше објект во државата Махараштра

Од:

Голем пожар избувна денеска во компанијата „Биоцел“ во индискиот град Тане, во државата Махараштра, само еден ден по трагедијата во градот Пуне, во истата држава, каде петмина работници вчера загинаа откако се запали објект на Институтот за серуми.

Компанијата „Биоцел“ е вклучена во зачувување и користење на матични клетки, собрани од плодовата течност при породување.

На местото на инцидентот се испратени пет противпожарни екипи. Засега нема информации за евентуални жртви, ниту е позната причината за пожарот.

Несреќата се случи откако вчера пет лица загинаа во пожар во Институтот за серуми во Пуне, Махараштра. Објектот се наоѓа на само еден километар од објектот „Ковишилд“ за производство на вакцини.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски