[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Само 24 часа откако големиот метеор ја погоди Русија, на небото над Калифорнија забележана е огнена топка.
Експертите сметаат дека повремениот метеор ја предизвикал огнената топка која прелетала западно од калифорниското небо. Но, тие не ја гледаат врската со рускиот метеор.
Силното светло вчера најпрвин се појавило над Санта Рос, околу 8 часот, потоа во Сан Франциско, Сан Хозе и Морган Хил.
Очевидците тврдат како метеорот прелетувал, светлоста од зелено-сина, преминувала во жолта боја.
Се уште нема информации за штетите и повредените.
Астрономот, Џерал Мекиген изјави дека привремени метеори паѓаат на Земјата неколку пати дневно и можат да донесат 15 илјади тони вселенски отпад годишно на нашата планета.