(ВИДЕО) Вонредна состојба во Њујорк: Невремето предизвика колапс во градот

Од:

Во Њујорк е прогласена вонредна состојба откако бурите предизвикаа огромни поплави. Многу од градските подземни системи, улици и автопати се поплавени, додека најмалку еден терминал на аеродромот „Ла Гвардија“ е затворен од вчера. Во некои делови од градот наврнаа и до 20 сантиметри дожд.

„Ова е опасна, многу опасна бура по животот“, изјави гувернерката Кети Хочул.

„Прогласувам вонредна состојба во Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон поради екстремните врнежи што ги гледаме низ целиот регион“, додаде таа.

Таа ги повика луѓето да преземат чекори за да останат безбедни и да не се обидуваат да патуваат по поплавените патишта. Нема извештаи за загинати или сериозни повредени.

Вонредна состојба е прогласена и во Хобокен, Њу Џерси, веднаш преку реката Хадсон, недалеку од Њујорк.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, ги предупреди луѓето дека е време за „засилена будност и екстремна претпазливост“ бидејќи е воведена вонредна состојба.

„Некои од нашите метроа се поплавени и многу е тешко да се движите низ градот“, рече тој на прес-конференција.

Тој додаде дека вчера вечерта имало 15 спасувања од автомобили и три спасени од подрумски станови. Иако дождот престана подоцна во петокот, гувернерката Хочул предупреди дека опасноста сè уште не е завршена.

„Мојата најголема грижа во моментов е дека луѓето ќе видат како дождот се смирува и ќе ги извадат своите возила на патиштата“, изјави таа за Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД