Главна тема во Мексико последните неколку дена е инцидентот што се случил во популарната музичка телевизиска емисија „A Toda Maquina“ на телевизијата “Телевиза“.
Имено, водтелката Тања Реза го напуштила студиото во текот на емисијата што се емитува во живо, затоа што нејзиниот колега Енрике Товар ја провоцирал пред милионскиот аудиториум.
Како што јави Би-Би-Си, Товар на почетокот се обидел да го подигне здолништето на Реза, а додека таа ги читала најновите вести тој продолжил да ја допира.
Тој проодлжил со вербалните провокации и цело време ја допирал, а кога се упатил кон нејзините гради, таа го удрила и оттурнала.
– Немојте тоа да го правите господине, извикала Реза и почнала да му објаснува дека една работа е да се шегува, а друга работа да се однесува непристојно.
Откако го изговорила тоа, Реза го извадила микрофонот и излегла од студиото со зборовите: „Не можам повеќе вака да работам“.
Товар подоцна објасни дека за се се виновни „неговите хормони“.
Откако однесувањето на водителот стана главна тема во медиумите, “Телевиза“ испрати службено известување во кое тврди дека целиот инцидент бил претодно договорен меѓу водителот и водителката, со цел емисијата да стане хит. Бидејќи управата на телевизијата не знаеле ништо за нивниот договор, двајцата водители се суспендирани.
Водителите потоа снимија изјава каде ја потврдуваат службената верзија на случувањата, но Тања подоцна на Фејсбук објави дека раководството на телевизијата ја присилило да ја потврди нивната приказна и дека однесувањето на нејзиниот колега било непримерно.
По ова “Телевиза“ излезе со ново соопштение во кое објасни дека двајцата водителите ќе бидат вратени на работа, но дека ќе мораат да минат „посебна обука за сексуално вознемирување на работа“.