Австралија ќе ја признае палестинската држава

Од:

Австралија планира многу наскоро да признае палестинска држава, откако Франција, Велика Британија и Канада веќе го објавија тоа, објави „Сиднеј морнинг хералд“.

Премиерот Ентони Албанезе би можел да го потпише признавањето во рок од неколку дена по денешниот редовен состанок на кабинетот, пишува „Сиднеј морнинг хералд“, повикувајќи се на неименувани извори.

Канцеларијата на премиерот Албанезе не одговори на барањето за коментар.

Франција и Канада минатиот месец соопштија дека планираат да признаат палестинска држава, додека Велика Британија изјави дека ќе го стори истото доколку Израел не ја реши хуманитарната криза на палестинските територии и не постигне прекин на огнот.

Израел ги осуди одлуките на земјите да поддржат палестинска држава, велејќи дека овој потег ќе го награди Хамас, кој владее со Газа.

Нетанјаху вчера им изјави на новинарите дека мнозинството израелски граѓани се против воспоставување палестинска држава бидејќи мислат дека тоа ќе донесе војна, а не мир.

Албанезе повикува на решение со две држави, а неговата централно-левичарска влада го поддржува правото на Израел да постои во безбедни граници и правото на Палестинците на сопствена држава.

„Реков дека е прашање кога, а не дали“, изјави Албанезе пред новинарите во Нов Зеланд во саботата за ставот на неговата влада за палестинска држава.

Би можело да ве интересира

Играч на македонскиот фудбалски клуб во Австралија – „Рокдејл Илинден“ е меѓу жртвите во масакрот во Бонди

А1он

ВИДЕО: Татко и син го извршија масакрот во Сиднеј, објавена снимка од пукањето

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Сите под 16 години во Австралија останаа без социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

Репортери без граници: Израел уби најмногу новинари во светот

ВИДЕО: Со снимки од израелските напади на Газа, шпанската телевизија објави дека се повлекува од Евросонг

(ВИДЕО) Пресврт во Газа: Хамас е подготвен да го положи оружјето, но со услов што ја менува состојбата

Катерина Ѓуровски