Најмалку 24 лица загинаа во лизгање на земјиштето во главниот град на Еквадор Кито, а 12 се водат како исчезнати, изјави градоначалникот Сантијаго Гуардерас додека спасувачките тимови пребаруваа куќи и улици покриени со кал по најголемите поплави во речиси две децении.
Поројниот дожд што падна во понеделникот вечерта предизвика поплави во кањонот во близина на работничките населби Ла Гаска и Ла Комуна. Кал и камења паднале врз куќите и предизвикале прекин на електричната енергија.
Агенцијата за вонредни состојби соопшти дека се повредени 48 лица.
„Видовме голема црна река која влече сè со себе, моравме да се качуваме по ѕидовите за да ја избегнеме“, рече Алба Котакачи, која ги евакуираше своите две ќерки од нивниот дом.
„Ги бараме исчезнатите“, додаде таа.
На снимките, меѓу другото, се гледа порој од дрвја, возила, контејнери, па дури и столбови, додека некои луѓе ги спасуваат соседите од калливата вода.