ВИДЕО: Во руски воздушен напад на Запорожје најмаку шест мртви

Од:

Бројот на загинати во рускиот ракетен напад кој вчера уништи клиника во украинскиот град Запорожје се искачи на шест, додека уште четири лица се уште се под урнатините, соопштија регионалниот гувернер и службите за итни случаи.

Уште 22 лица се повредени, изјави гувернерот Иван Федоров. „Сите служби за итни случаи на градот се на терен“, рече тој.

Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека нејзините спасувачи успеале да извлечат две жени од под урнатините на зградата во текот на ноќта. Фотографиите објавени на каналот за брза помош на Телеграм покажуваат спасувачи и машини кои работат во купишта градежни урнатини.

Русија редовно изведува воздушни напади врз Запорожје и околината. Во нападот врз градот минатиот петок загинаа 10 лица, а повеќе од 20 беа ранети. Двете страни негираат дека целта на нивните напади биле цивили, велејќи дека нападите имаат за цел да ја поткопаат инфраструктурата клучна за меѓусебните воени напори.

Претседателот Володимир Зеленски во вторникот ги повика сојузниците на Украина да обезбедат уште 10-12 системи за противвоздушна одбрана Патриот, за кои рече дека целосно ќе го заштитат небото на земјата. Од целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година, Украина постојано бараше од своите сојузници да обезбедат понапредни системи за противвоздушна одбрана.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија во луксузен комплекс во Москва, ликвидиран регрутер на руската војска

(ВИДЕО) Зеленски: Украина во моментов е најблиску до мир во последниве три години

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем украински напад со беспилотни летала, Русија ги затвори аеродромите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украина: Имаме дронови со домет од 2.000 километри и носат бомби од 250 килограми.

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Жесто Руски напад на Одеса, аларм во Полска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинците погодија рафинеријата на 800 километри на руска територија

Катерина Ѓуровски