Во вчерашното претседателско обраќање, Доналд Трамп неочекувано пред сите во Домот го врачи најголемото признание што може еден претседател да го даде, „медалот на слободата“.
Тој пред сите присутни во салата се заблагодари на Раш Лимбо, американски радио водител и политички коментатор кој боледува од тежок канцер (четвртта категорија).
Трамп во своето обраќање соопшти дека тој со години неуморно бил мотиватор на илјадници слушатели, американци.
Медалот го врачи неговата сопруга Меланија Трамп.