ВИДЕО: Илјадници Палестинци на протест поради мировниот план на Трамп

Од:

Илјадници Палестинци протестираат денеска во градот Газа пред објавувањето на мировниот план на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, за кој се очекува да биде во корист на Израел.

Демонстрантите палеле фотографии на Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и истакнале транспарент со порака „Палестина не е на продажба“.

Високиот претставник на Хамас, Калил ал Хаја изјави дека движењето и „сите фракции“ ќе се придружат на состанокот, кој е планиран за денеска откако Трамп ќе го објави планот.

Палестинското сунитско исламистичко движење Хамас, кое во својата повелба повикува на уништување на Израел, во 2007 година ја презеде контролата врз Појасот Газа од силите лојални на умереното движење Фатах.

Би можело да ве интересира

Вилијам Бар: „Вратата е отворена за индициите на Руди поврзани со Украина“

А1он

ВИДЕО: Во рамки на своето обраќање, Трамп неочекувано врачи претседателски медал на слободата

А1он

ВИДЕО: Ненси Пелоси ги скина листовите од говорот на Трамп, неколку секунди по неговото обраќање

А1он

Доналд Трамп Јуниор: Се докажа дека не сум руски шпион

Ана Ололовска

Протести на Палестинците во Ерусалим

Трамп со извршна наредба ги повлече САД од Транспацифичкиот договор

Предраг Петровиќ