Трамп со извршна наредба ги повлече САД од Транспацифичкиот договор

Од:

Новиот американски претседател Доналд Трамп и формално ги повлече Соединетите Американски Држави од Транспацифичкиот договор (ТПП), со што Америка се одвојува од нивните азиски партнери, зголемувајќи го влијанието на Кина во тој регион.

Изглегувањето на Америка од овој договор беше едно од предизборните ветувања на Доналд Трамп, а со потпишувањето на указот, САД го напушта договорот кој беше потпишан од 12 земји во 2015 година.

Според Трамп, овој договор бил на штета на американската економија и производство и верува дека отстапувањето од овој договор ќе влијае позитивно за американските работници.

ТПП беше поддржуван од повеќето бизниси во Америка, а беше договорен од поранешниот претседател Барак Обама, но не доби поддршка во Сенатот. Овој договор беше начинот на кој што Обама им парираше на Кина во Азија.

Републиканскиот сенатор и поранешниот кандидат за претседател, Џон Мекејн смета дека напуштањето на ТПП е погрешна одлука која што може да има сериозни последици.

„Ова е сериозна грешка која што ќе има долготрајни последици за американската економија и за нашата стратешка позициај во азискиот регион. Со оваа одлука се оневозможува да се промовира нашиот извоз, да се намалат трговските бариери, да се отвараат нови пазари и да се заштитат американската инвентивност и иновација“ изјави тој.

„Ќе се отвори можност за Кина да ги испише новите правила во светската трговија на сметка на американските работници“ рече Мекејн.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе, голем заговорник на договорот, изјави дека ТТП без САД нема никаква смисла.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп