ВИДЕО: Во пожар на аеродром во Флорида запалени 3.500 автомобили за изнајмување

Од:

Пожар, што се појави на тревната површина на Меѓународен аеродром во југозападна Флорида, уништи илјадници автомобили за изнајмување, соопштија претставници на противпожарната служба.

Огнената стихија, што започна в петокот, се проширила на 15 хектари и првично зафатила само 20 автомобили на аеродромот во „Форт Мајерс“, но до моментот кога е изгаснат, по 18 часа, изгореа повеќе од 3.500 автомобили за изнајмување.

„До моментот кога единицата стигна на местото на пожарот, имавме 100 запалени автомобили. Потоа престанавме да броиме“, изјави Мелинда Авни, од Шумската служба на Флорида.

Според американските национални телевизии, црниот облак од чад можел да се види на километри околу Форт Мајерс, град со околу 82.000 жители на југозапад од Флорида.

Во пожарот нема повредени, а надлежните служби сега утврдуваат што била причината за него.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан