ВИДЕО: Во последните 24 часа речиси 200 жртви во Газа од израелските напади

Од:

Силен израелски тенковски оган и воздушно бомбардирање на израелската армија (ИДФ) синоќа го погодија Кан Јунис во Појасот Газа, изјавија жителите, откако беше објавено дека речиси 200 луѓе биле убиени за 24 часа во израелската кампања против милитантите на Хамас.

Здравствените власти на Газа, под контрола на Хамас, тврдат дека во последните 24 часа животот го загубиле 187 лица, а вкупниот број на загинати се искачи на 21.507 жртви. Палестински новинари и болничари тврдат дека цел на серија воздушни напади бил и кампот Нусејрат, во централниот дел на Газа.

Израелските сили го бомбардираат Кан Јунис како увертира за понатамошното напредување на копнените сили кон тој град, чии делови зазедоа на почетокот на декември. Министерот за одбрана Јоав Галант рече дека неговите сили стигнуваат до командните центри и магацините за оружје на Хамас.

Израелската армија претходно објави дека уништила комплекс тунели во подрумот на една од куќите на командантот на Хамас во Газа, Јахја Синвар. Дванаесет недели откако терористите од сунитската исламистичка група брутално убија околу 1.200 луѓе и зедоа 240 заложници во напад на населби, кибуци и музички фестивал, Израел прогласи воена состојба и возврати со сета своја жестокост за да го уништи Хамас.

Речиси 2,3 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, а како што напредува израелската офанзива, многумина повторно се во движење и се преселуваат во други области на енклавата. Нивните засолништа често се само импровизирани шатори. Тесната крајбрежна енклава е долга 40 километри и е една од најгусто населените области во светот.

САД го повикаа Израел да ги „намали воените дејствија“ во следните недели и да премине кон целни операции против лидерот на Хамас, но израелската страна досега не покажа знаци дека го прави тоа. Јужна Африка побара од Меѓународниот суд на правдата (МСП) во петокот итно да прогласи дека Израел ги прекршил своите обврски од Конвенцијата за геноцид од 1948 година во неговата акција против Хамас во Газа.

ЈАР побара од судот да донесе привремена мерка со која ќе се бара од Израел да ги запре своите воени операции во Газа и да ја прекине својата воена кампања „за да се заштити од дополнителна, сериозна и непоправлива штета на правата на палестинскиот народ“.

Би можело да ве интересира

Нови напади во Газа: 15 мртви, меѓу кои и синовите на поранешниот портпарол на Хамас

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах