ВИДЕО: Во Нов Зеланд се отвори џиновска дупка, длабока повеќе од 20 метри

Од:

Џиновска дупка, длабока колку шесткатница се отвори на фарма во Нов Зеланд. Дупката настанла како последица на неколкудневен силен дожд.

Менаџерот на фармата, Колин Тремајн изјави дека дупката ја забележал во понеделникот, а претпоставува дека настанала за време на викендот.

Дупката е долга 180 метри, 20 метри широка и 20 метри длабока. Ова е девета џиновска дупка на фармата во последниве неколку години, но е три пати поголема од сите останати.

Локално, дупката е позната како „Томо“, а има и историска вредснот бидејќи се наоѓа на кратер од вулкан, кој последен пат еруптирал пред 60 илјади години.

Менаџерот изјави дека ќе постави ограда околу дупката за да ги заштити луѓето и стоката и најави дека ќе ја уреди околината бидејќи „Grand Canyon Rotorue“ ќе стане атракција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска