ВИДЕО: Во Јужна Америка почна вакцинацијата за Ковид-19

Од:

Медицинска сестра од Мексико прва ја прими вакцината за Ковид-19 во Јужна Америка. Со ова Мексико и официјално ја почна програмата за вакцинација во земјата. Во првата пратка од вакцината на „Фајзер“ во Мексико пристигнаа 3000 дози.

Оваа држава е меѓу оние со највисока стапка на смртност во светот. Пред Мексико се само САД, Бразил и Индија,

Кратко подоцна со вакцинацијата почнаа и Чиле и Костарика. Исто така со вакцината на „Фајзер“.

Аргентина исто така во следните денови ќе почне со вакцинирање, но оваа земја реши да ја набави руската вакцина „Спутник“ за иницијалната фаза. 300 000 дози од вкацината пристигнаа во Буенос Аирес.

Бразил кој има најголем број смртни случаи во регионот нема да почне со вакцинација до средината на февруари.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски