ВИДЕО: Во Холандија пронајдена најголемата лабораторија за кокаин

Од:

Холандската полиција ја пронајде најголемата лабораторија за кокаин во земјата.

Во акцијата уапсени се 17 државјани од Колумбија, Турција и Холандија.

Лабораторијата за кокаин била лоцирана во поранешно училиште за јавање коњи во Нијевен, на околу 27 километри од Амстердам.

Полицијата пронајде илјадници литри хемикалии и кокаин.

Шефот на холандската полиција Андре ван Ријн изјави дека ова е најголемата лабораторија за кокаин пронајдена досега.

Тој додаде дека во лабораторијата се произведувале од 150 до 200 килограми кокаин на ден во вредност од околу 9 милиони американски долари.

Би можело да ве интересира

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

Голема количина на кокаин заплени полицијата во близина на Неапол

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош