(ВИДЕО) Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 војници

Од:

Дваесет војници загинаа, а неколку се повредени во експлозија на муниција во воена база во западна Камбоџа, соопшти премиерот Хун Манет.

Тој во објава на Фејсбук рече дека бил „длабоко шокиран“ кога ја добил веста за експлозијата во базата во провинцијата Кампонг Спеу, но не сподели детали за причината за експлозијата. Премиерот на Камбоџа изрази сочувство до семејствата на војниците и вети дека владата ќе ги плати нивните погреби и ќе ги обештети загинатите и повредените, пренесува АП.

Сликите од местото на настанот покажуваат дека пожарот во уништената зграда се уште не е целосно изгаснат, како и повредените војници кои се лекуваат во болница.

Манет, дипломиран на американската Воена академија во Вест Поинт, беше унапреден во генерал со четири ѕвезди непосредно пред да биде избран за премиер, наследувајќи го неговиот автократски татко Хун Сен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија во тунел, има мртви, луѓето се заробени

Експлозија во семеен дом во Скопје, малолетник со изгореници завршиле во болница

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Најмалку 10 лица се повредени во експлозија во Турција