ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Од:

Данска и Германија се чекор поблиску до поврзување со најдолгата подводна железница и патен тунел во светот.

Како што пишува Euronews, данскиот крал Фредерик X денеска свечено го отвори првиот елемент од идниот 18-километарски тунел под Балтичкото Море. Ќе ја поврзе јужна Данска со северна Германија и ќе придонесе за зелена транзиција на транспортниот сектор.

Тунелот Фемарнбелт, кој се очекува да биде отворен во 2029 година, исто така ќе го скрати патувањето од сегашното 45-минутно возење со траект на само седум минути со воз.

Ќе го поврзе Родби на данска страна со Путгартен во Германија, со понатамошни патни и железнички врски со централна Европа и нордиските земји.

Фредерик ја откри плочата на влезот во првиот дел од тунелот долг 217 метри, кој подоцна оваа година ќе биде потопен на морското дно на данската страна.

Тунелот ќе вклучува електрифицирана железница, а се очекува дека автомобилите ќе можат да го преминат Балтичкото Море за 10 минути по четири ленти, додека возовите тоа ќе го сторат за седум минути.

Во 2011 година, беше одлучено дека треба да се изгради врска помеѓу јужниот дански остров Лоланд и северниот германски остров Фемарн. Работите на данска страна беа потврдени во јули 2022 година, а на германска точно една година подоцна.

Тунелот ќе се состои од 89 бетонски елементи кои се градат во посебен објект во Родбихавн на Лоланд, Данска, кој сега се нарекува најголемото градилиште во Северна Европа.

Врската Фемарн ќе чини 55,1 милијарди дански круни (4,8 милијарди евра). Данската влада во подоцнежна фаза ќе одлучи за патарината за тунелот.

Во последниве години, Данска изгради патни и железнички врски со соседна Шведска и меѓу двата големи дански острови.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“