Мери Трамп во средата била на терапија кога толпата екстремисти, поддржувачи на нејзиниот чичко, упаднаа во зградата на американскиот Конгрес. Набрзо, отуѓената внука на американскиот претседател Доналд Трамп започнала да ги следи хаотичните настани во Вашингтон.
„Во еден момент, чувството беше како на 11 септември. Ништо од ова не изненадува. Никој не треба да биде изненаден од сето ова. Вклучувајќи го не само недостатокот на одговори, туку и помошта која се нуди за бунтовничката толпа“, изјави Мери за „Бизнис инсајдер“.
Мери е клинички психолог и е отворена критичарка на нејзиниот чичко, која минатата година ја објави книгата „Премногу и никогаш доволно: како моето семејство го создаде најопасниот човек на светот“. Таа вели дека од објавувањето на книгата не е во контакт со никого од семејството Трамп.
Mary Trump says lawmakers should ignore Trump's scripted "concession" speech and quickly move forward on impeachment. pic.twitter.com/jx9cW5qC9D
— PoliticusUSA (@politicususa) January 8, 2021
Сепак, таа може да замисли, врз основа на неговата „историја на нарцизам“, дека претседателот сега е поочаен од кога било.
„Доналд секогаш смета дека е невозможно да се изгуби и дека, без оглед на сè, тој секогаш ќе заврши како победник. Тој е сè поочаен поради фактот што буквално ништо не функционира како што тој сака“, објаснува таа.
Мери вели дека не е сигурна дали нејзиниот чичко е ментално способен да сфати дека неговото време во Белата куќа навистина завршува. Ако го сфати тоа, тој би можел да стане особено опасен, предупредува таа.
„Тоа е во спротивност со сето она што го доживеал во животот. Најлошото нешто што може да му се случи е да биде губитник“, вели внуката на актуелниот американски претседател.
Иако нема инсајдерски информации за плановите на нејзиниот вујко или неговите деца по инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, таа знае дека ќе се најдат во големи проблеми.
„Што ќе се случи кога тој нема да ја има моќта и заштитата на Овалната соба по 20 јануари? Ќе биде во сериозна неволја. Се соочува со најмалку три обвиненија за кои јас знам, од кои едно е мое. Исто така, банките веројатно ќе побараат наплата на неговиот огромен долг, бидејќи повеќе нема да имаат причина да не го прават тоа“, вели Мери.