Снимка од дрска кражба што се случила во Лондон, во населбата Ричмонд, за кратко време се прошири на социјалните мрежи. Во саботата претпладне, двајца маскирани мажи со чекан го скршиле излогот на семејна златарница и однеле накит со висока вредност.
Инцидентот се случил околу 10:30 часот, а на видеото се гледа како еден од напаѓачите ѝ приоѓа на златарницата „Gregory & Co“ со голем чекан, додека другиот стои на готовс со торба. Напаѓачот повеќепати удирал по излогот, при што успеал да го скрши безбедносно стакло.
По кршењето на стаклото, вториот осомничен брзо го собрал накитот и го ставил во сина торба, по што двајцата избегале од местото на настанот. Кражбата се одвивала пред очите на повеќе минувачи, кои главно не реагирале, додека најмалку едно лице го снимало целиот настан со мобилен телефон.
Очевидец за британските медиуми изјавил дека напаѓачите „се појавиле одеднаш со чекан и торба и веднаш почнале да го кршат прозорецот“. Полицијата соопшти дека е започната истрага и дека се разгледуваат снимките од надзорните камери со цел идентификација на сторителите.