(ВИДЕО) Верижна сообраќајка на автопат во Полска, се запалиле автомобили, четворица загинати и 12 повредени

Од:

Четири лица загинаа, а 12 се повредени во голем судар во кој учествувале 22 возила недалеку од полскиот град Гдањск, јавија локалните медиуми. Несреќата се случила синоќа околу 23:15 часот по локално време на излезот од автопатот С7 кај селото Борково, јави полската ТВН24. Местото каде што се случи несреќата е дел од јужната обиколница на Гдањск и таму веќе некое време има градилиште.


По инцидентот е приведен 37-годишен камионџија, кој наводно удрил во автомобилот пред него, соопшти полицијата, додавајќи дека алкотестот покажал дека мажот не бил под дејство на алкохол. Во несреќата учествувале вкупно три камиони, а се уште се утврдуваат точните околности под кои се случила.

Полицијата соопшти дека меѓу повредените има и неколку деца. Идентитетот на загинатите не е соопштен. Медиумите јавуваат дека по судирот се запалиле неколку автомобили, а некои целосно изгореле. Според ТВН24, некои смртни случаи најверојатно се последица на пожарот.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Се преврте камион на патот кон Косово, утре изутрина можно е да има краткотраен прекин или пренасочување на сообраќајот

Двајца иселеници од Дебарско загинаа во сообраќајка во Италија

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Скопјанец со возило удри двајца малолетници, повредените завршија во болница

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено