Вечерва на небото се очекува драматичен спектакл, затоа што ќе имаме можност да ја набљудуваме Супер-Месечината и дождот од метеори „Персеида“.
Како што пишува лондонски „Телеграф“ оваа ноќ Персеида ќе се поклопи со „Супер-Месечината“, која што ќе се претстави во најсветло издание во последните 20 години.
Таа освен што ќе биде полна, ќе се најде и во точката во која што е најблиску до Земјата.
Два дена подоцна се очекува дожд од метеори „Персеида“ да го достигне својот врв, заедно со болиди, кои што се посветли од Јупитер и Венера.
„Супер-Месечината“ е честа појава, која што во просек се случува на секои 13 месеци и 18 дена, а ова лето ќе видиме три такви.
Е. Г.